- Во блендер ставете ги кришките леб, оревите, зачинката избрана од вас (босилек, мента или копар) солта и јогуртот и убаво изблендирајте.
- Исецкајте ситно краставицата или изрендајте на едрата страна од рендето, измешајте со добиената смеса, ставете во фрижидер да се олади.
- При сервирањето во тањир или чаша, ставете одозгора по малку маслиново масло, грубо сецкани ореви (лешник или бадем) поросете со бибер.
Напомена
- Најчесто наместо леб користам двопек и тоа 3 парчиња на оваа количина. Највкусна оваа ладна супа ми е со мента, а од јаткасти плодови користам тоа што имам по дома.
- Ако по ваш вкус цените дека е премногу густа слободно ја разредете додавајки јогурт или вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани