Драги мои дојде ден и за моја јубилејна рецепта. Бројката е не мала, но и преголема, 300 рецепти за неполни 2 години заедно со Вас, со прекрасниот тим на Мои рецепти, кои секогаш внимателни кон своите учеснички и со Вас мои драги виртуелни пријателки. Мило ми што во оваа година имавме можност со некој од вас лично да се запознаевме и да убаво поминавме :)
Навистина ми беше мило!
За јубилејната рецепта одлучив да ставам едната од мои омилени и освежителни торти со јагода, меѓутоа едноставна за готвење и многу вкусна....
До душа сакав да спремам нешто поинтересно, посложно и многу лично, но овие жештини и мојата интересна положба не ми дозволеа тоа да спремам :) Затоа се надевам дека ќе Ви се допадне оваа лесничка торта и исто така се надевам дека дружбата се продолжува, а во иднина јас ќе имам можност да стасам и до наредната јубилејна рецепта :)

1. Жолчките од јајцата се матат со миксер заедно со шеќер, потоа се додава павлаката и растопениот путер и повторно се мати. Се додаваа брашното и пецивото и на крај се додаваат посебно изматените белки од јајцата. Смесата се промешува и се става во тавче бр. 24 покриено со мрсна хартија и се пече на 180 степени околу 30 минути.
2. Јагодите се чистат, се сечат наполу, се промешуваат со 2 лажици шеќер и се чека околу половина час за да ги пуштат сокот.
3. Крем. Павлаката се мати заедно со шеќерот во прав.
4. Испечениот пандишпан се сече наполу. Првиот дел се става во чинија и се полева со компотот од јагоди, одозгора се редат јагодите и се полеваат со третина од кремот, потоа се става вториот пандишпан и пак се полева со компотот и тортата се покрива со преостанатиот крем.

Тортата со јагоди се украсуваат со останатите јагоди и малку со кокос.
Доколку немате компот од јагоди може да се искористи било кој друг овошен компот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани