- Исецкајте ги посебно печурките, кромидот и младиот кромид до зелениот дел, а лукчето ситно исецкајте или стиснете низ преса.
- На 2 лажици масло ставете половината од печурките и пржете ги. Кога ќе бидат испржени тие ќе остават трага на тавата. Извадете ги во тањир и во истата тава без да ја миете додадете 1 лажица масло и путерот, нека се стопи, додадете го кромидот и нека се пржи до негово застаклување. Додадете ги другата половина од печурките. Продолжете да пржите, но овој пат не мора да бидат препржени, колку да овенат, подлијте сосема малку со дел од веќе спремениот бујон. Нека вари додека испари и остане на масло. Додадете го измиениот ориз, пржете заедно околу 5 мин., долијте го остатокот од бујонот, поклопете со капакот, намалете го огнот на многу тивко и нека вари покриено 15 мин. Отклопете, додадете ги пржените печурки, посипете го младото кромитче, повторно поклопете и нека продолжи да се вари уште 10 мин. За целото ова време оризот ќе биде подготвен, треба да остане сув.
Сервирајте со зелена салата.
Напомена
- Оризот треба да е долгото зрно и ако точно внимавате на времето навистина ќе добиете сув ориз. И да ви се пристори дека е малку масло и путер додека се вари, не додавајате бидејки печурките додека се пржеа го имат впиено, а потоа во текот на варењето се ослободува. Сепак ако сте упорни дека е малку, при сервирањето додека е топло можете да си додадете одозгора помала исечена коцка путер.
Јас немав ориз долго зрно, но успеав со тој што најчесто го користам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани