Ова е типично кинеско јадење, ориз со зеленчук. Има повеќе варијанти за зеленчукот. Оваа варијанта може и со тестенини. Исто така е превкусна.

Никулците од зелен грав (или кај нас мунго грав) се многу здрави, а и лесни за ртење. Јас ги ртам 3 дена. Се ртат како и сите останати семиња, пченица, наут.
После 4 ден веќе почнуваат да им растат ливчиња и нагорнуваат. Ако има мали коренчиња, не пречи на вкусот. Подолги кога се исто нагорнуваат и ги сечам. Зелената лушпа се фрла.

Прво се вари оризот, во вода, однос една шолја ориз, три вода. Овојпат користев кршен ориз. Без сол, само во вода.
Кромидчето се пропржува, може да се стави и младо зелено. Потоа се додаваат кикиритките. Се пржат не повеќе од 5-6 минути. Потоа и никулците и сецканата краставица. Една минута само, за да не се изгуби свежината на зеленчукот. Потоа и варениот ориз, на крај соја сос, сусамово масло, може и малку сусам.
И толку.
Јас ставам и чили сос, ама тоа си е по вкус.
Бидејќи имам доволно никулци, си ставам и така свежи на крај дополнително.
Лесно како за вечера.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови