Убава идеја за брз и вкусен ручек кој што се подготвува многу едноставно, а верувам дека со ова јадење ќе го воодушевите целото семејство.
1. Во тавата за печење (бр. 36), каде што ќе го готвите оризот, ситно исечкајте ги претходно исчистените и измиени кромид и домат.
2. Потоа изрендајте го морковот, претходно излупен.
3. Тавата ја ставаме на загреана рингла, додаваме сол и масло и го пропржуваме зеленчукот со повремено промешување.
4. Откако зеленчукот ќе омекне малку, додадете ги избраните колбаси, исечкани на крукчиња.
5. Нека се пропржат додека да поруменат.
6. Потоа исклучете ја ринглата, додадете го оризот заедно со биберот и зачинот и убаво промешајте.
7. Последна ја додаваме водата, чаша по чаша.
8. Водата треба да ја покрие содржината во тавата.
9. Оризот го ставаме во загреана рерна на 200 степени и оставаме да се готви околу половина час.
10. Готов е кога водата е впиена.
11. Нека се излади малку, па послужете.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови