Многу се израдував на натпреварот за азиски јадења, бидејќи ја обожавам азиската кујна и ова ќе ми е дополнителен мотив за подготовка на веќе пробани рецепти, но и на некој нови кои одамна чекаат на ред за пробување.
Сепак, за азиската кујна е карактеристичен оризот во нивните оброци, па затоа сметам дека треба да се почне од основниот рецепт за него.

Јас го подготвувам на овој едноставен начин, но верујавте дека е превкусен и нема да погрешите никогаш во подготовката, затоа што е многу едноставна.

1. Во вок тава се загрева путерот. Количината на путерот зависи од тоа колку ориз ќе користите.
2. Потоа се додава оризот и убаво се пропржува и сите зрна треба да бидат намастени со путерот.
3. Запржениот ориз се прелева со 2 чаши врела, тазе зовриена вода и се вари уште 1 мин, се поклопува со капак и се остава да стои половина час, додека оризот ја впие целата вода.

Убавината на овој ориз е што сите зрна ќе ви се двојат и ќе видат засебни едно од друго, а вкусот е феноменален, баш заради путерот.
Пробајте, нема да погрешите!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови