Начин на подготовка.
Прво сурими ракчињата ги ставаме во маринада од лимонов сок и 1-2 лажици маслиново масло, да одстојат 1-2 часа.По желба може и тука да се додаде протиснатото лукче.
Сега во една касерола налеваме вода, додаваме малку сол и од кога ќе зоврие ја ставаме тестенината, и сецканиот морков.
Вариме додека не се готови, пожелно е да не дозволиме целосно да се разварат.
Ги процедуваме, миеме со ладна вода.
Од кога се исцедени, ставаме 1 лажица маслиново масло и промешуваме.
Тука ги додаваме маслинките, сецканиот магдонос, сецканото младо кромидче,копар, зачините по сопствен вкус.
Може да се стави и некое зрно капари.
Сурими ракчињата ги процедуваме од маринадата.
На тава ставаме малку маслиново масло и ги запржуваме од двете страни.
Исто така може да се печат и на грил тава.
Топли ги сервираме на веќе подготвената паста, накапуваме свежо цеден сок од лимон, декорираме со лимон и послужуваме.

Оваа салата може да се послужи како предјадење или може да биде солиден оброк за 2 особи.
Изборот е ваш, но како и да ја послужите, плени со својот изглед и вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани