На лик и не толку претставителни колачиња, но вкусот полн погодок.
Се мелат оревите и се пасира бананата.
Се матат жолчките со шеќерот и се додаваат во останатите состојки. Откако се заедно ќе се поврзе со голема лажица правиме топчиња и ги ставаме во тава на хартија за печење. На секое ставаме по половина орев за декорација. Печеме 20 минути на 180 степени.
Помеѓу секое оставете 2 цм простор бидејќи при печењето ќе се рашират.

* Шолјата е од оние големите за млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови