Овој прекрасен и превкусен десерт, несебично е споделен од тетка Милка, а раскошниот вкус на ореви никого нема да остави рамнодушен. Потребно е мало трпение додека да се оформат формите-месечинки, но крајниот резултат е “убавина“.

1. Јајцата со шеќерот се матат пенесто, се додаваат мелените ореви и се меша со лажица или шпатула.
2. Смесата треба да е компактна за да можат да се прават форми, а ако е полеплива се додаваат уште малку мелени ореви (околу 50 гр.).
3. Со рака се прават слатки во форма на месечинки или друга форма по желба, внимателно се валкаат во сечканите ореви, се редат на плех обложен со хартија за печење.
4. Се печат т.е. сушат на температура од 50-100 степени додека да се потсушат.
Изладени, се вадат внимателно од плехот и се ужива во нивниот богат вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани