Јајцата и шеќерот матете ги подолго време (15на мин) додека не станат густа маса каде миксерот со перките ќе прави пат. Потоа со лажица вмешајте ги просеани брашното и какаото. Мешајте од долу на горе внимавајќи да не се истисни воздухот од смесата.
Подмачкајте го малиот ростер и набрашнете го, па истурете ја смесата.
Печете на 180С 15 минути.

Измешајте ги состојките за премачкување и загрејте ги и мешајте додека целосно се изедначат. Водата е со мерки „од-до“ и ќе зависи од густината на мармаладот, овошниот гел или слично што ќе изберите.
Со него премачкајте го печениот кекс.

Сомелете ги оревите. Млекото и шеќерот загрејте ги на умерена температура до вриење. Мешајте за побрзо да се растопи шеќерот. Потоа додадете ги мелените ореви и ванила шеќерот и кратко промешајте да се соедини и тргнете од оган.
Кога малку ќе подолади, додадете го маргаринот предходно изматен. Како и многуи пати, јас маргаринот го додадов веднаш и мешав да се соедини. Значи, ако не сакате да валкате плус миксер и сад, слободно изимитирајте ме, во овој рецепт не штети оваа мрзлива постапка толку многу на структурата чинам.
Филот премачкајте го врз овошниот премаз.

Оставете да се здрви, исечете на коцки и уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови