Подготовка
- Измешајте го брашното со ванилата, оревите, шеќерот, додадете го омекнатиот на собна температура путер, додадете го и лесно разматеното јајце, млекото, румот и замесете тесто.
- Поделете го тестото на еднакви делови, направете топчиња. Земате едно топче, го потопувате во млеко, потоа направете подолга врвца и свиткајте ја во форма на полжав. Од почетокот оставете ја малку слободна (овде ќе ја втиснете јатката од орев), крајот исто така малку стиснете за да не ви се отвара кога ќе печете. Втиснете на средината јатка орев. Така постапете со останатото тесто. Ставете да се печат 12 минути на 200 степени во претходно загреана рерна.
- Испечени извадете ги и оставете да се оладат.
- Спремете глазурата растопувајки го чоколадото на пареа со 1 лажица масло, брцнувајте ги колачите во неам одложете на решетка да се исцедат.
Напомена
- Валкањето во млеко на секое оформено топче е заради тоа да не ви пука при самото формирање на врвцата и на колачето.
- Чоколадото може да биде и бело и црно, како сакате или пак и од двете, па половина колачиња потопете во бело, а останати во црно чоколадо. Ваш избор.
- Делете го тестото во тежина зависно колку вие сакате да бидат големи. Јас ви препорачувам помалечки, кај мене од 50 гр. тесто. Ценам дека се големи, можеше да ги правам од 30 гр. Доколку сакате повеќе на број колачиња, тогаш двојно ставете од сите состојки.
- Ако ви е премеко тестото за работа, додадете малку брашно или мелени ореви, а ако е претврдо - додадете малку млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани