Компирите се сечат на ситни ленти, како за помфрит. Се пржат во загреано масло и кога се убаво испржени, извадете го маслото. Везените пиперки кои претходно сте ги исецкале ситно, додадете ги во пржените компири 1 минута да се пропржат.
Јајцата се промешуваат, се додава сол, мешан зачин и малку суво нане. Додадете ги јајцата во тавата со пржени компири. Убаво промешајте. Омлетот е готов.

Ваков омлет со компири ретко сум јадела порано. Ама превкусен деликатес е. Со домашно лепче, сиренце и ај на здравје појадок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови