Измешајте ги брашното и содата.
Додајте ја водата и измешајте убаво за да нема грутки.
Додајте го млекото и рикотата и повторно измешајте.

Со постојано матење со жица додавајте ги јајцата едно по едно.

Тиквичката изрендајте ја и додајте ја кон останатите состојки.

На крај додајте го грана сирењето, малку сол и бибер.
Измешајте.

Во нелеплива тава на оган загрејте малку масло.
Ставете ја изматената смеса и на среден оган пржете 10-тина минути.

Потоа со помошна чинија со помал дијаметар од тој на тавата, превртете го омлетот и оставете да се испржи и од другата страна околу 5 минути.

Покријте го готовиот омлет со капак и оставете да постои во тавата уште неколку минути.

Овој е малку поинаков омлет- идеален и како училишен оброк.
Може да се јаде во комбинација со свеж зеленчук или чаша јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани