Експресен десерт во чаша кој одлично ќе ве освежи во овие жешки летни денови.
1. Вишните треба да се свежи и убаво изладени во фрижидер. Измијте ги, исчистете им ја семката и во длабок сад ставете ги да преноќат во фрижидер.
2. Следниот ден ставете ги во Нутрибулет заедно со сокот кој го пуштиле, 1 рака урми и 2 – 3 лажици мед (во зависност од тоа колку сакате да ви биде благо).
3. Блендирајте додека да добиете хомогена густа смеса.
4. Шлаг кремот изматете го со млекото, да стане цврст.
5. Земете ги омилените чаши и полнете ги по ваш вкус.
6. Јас сите чаши ги наполнив на различен начин, со тоа што во нив ставав кршени крем стапчиња, сецкани урми, сецкани пралине бонбони (или некои други, по вкус), 2 лажици од шлаг кремот и по неколку лажици од сосот од вишни.
Употребете ја фантазијата и пригответе си го овој преубав летен десерт во чаша. Ставете ги во фрижидер да се изладат пред да ги послужите.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови