Се матат јајцата со шеќерот.
Настрана се замешуваат брашното и пецивото. Се додваат во добро изматените јајца.
Се додава маслото, па се префрла во хартија за печење.
Целите бадеми и чоколадните топчиња се попрскуваат во тестото и се става тавата на печење во претходно загреана рерна.
Откако е печено тестото се остава да се излади.
Филовите ги спремаме на следниот начин.

1 фил
500 гр јагоди
200 гр шеќер
Се блендираат јагодите, се ставаат во тава на тивок оган да крчкаат со шеќерот.
Кога ќе извријат убаво се додава 1 паковка путер и се тргаат на страна.
Ќе добиете убава густа смеса како џем, а со путерот сладок крем од јагоди.

2 фил
2 паковки пудинг од јагода се варат во 800 мл млеко
Кога е готов пудингот се трга на страна да излади, па се додава во претходно матен путер со паковка шеќер во прав.

Пандишпанот се дели на три дела.
Се филува со изладените филови.
Од страните затворете ја со парчиња бисквити.
Кога ке завршите со филувањето останатиот фил употребете го за премачкување на цела торта.
На страна на пареа растопете темна чоколада и полејте ја претходно изладената торта.
Декорирајте со шеќерни фигури и цели лешници.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови