Од мелените бисквити, ореви, шеќерот во прав путерот, сокот се замесува тесто.
Се става хартија за печење над калап за торта со дијаметар од 28см, се додава обрачот и над неа се распоредува како кора-рамномерно смесата.
Од млекото,пудинзите, шеќерот и густинот се вари крем со постојано мешање. Се лади сосема и се спојува со избиен путер.
Од кесичките за шлаг по упатство се бие пената, се соединува со кремот.
Една четвртина од него се става над веќе подготвената кора, над него се редат парчињата ресани со чоколадираниот дел над филот. Над нив се редат кругови банана и се истураат замрзнатите малини. Внимателно над нив се распоредува останатиот фил.
За најгоре растопив на тивок оган чоколадо за готвење со течна павлака (во течна состојба),мешајќи постојано,притоа да не проврие,топло се излева над површината. За сам крај украсете по избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови