- На тивок оган ставете да се вари млекото кое постојано ќе го мешате. При крајот кога веќе е сварен оризот и доволнос е згустил, додадете шеќер и ванилата и тргнете да се лади.
Овошен прелив
- Овошјето ставете го во касеролата. Додадете ги останатите состојки и варете на тивок оган не дозволувајки многу да се згусти. Оставете го и него да се олади.
- Павлаката сматете ја, во неа додадете го мелениот бадем. Оладениот пудинг од ориз, измешајте со лажица и сервирајте.
- Залијте со овошјето, посипете доколку сакате со бадем листови, нека се кратко лади во фрижидер и уживајте.
Напомена
- Кога го варам не ја ставам одеднаш целата количина на млеко, првично ја ставам половината од млекото, потоа по малку додавам.
- Овошниот прелив правете од расположивото свежо овошје кое го имате, а можете да го направите и со компот.
- Напишав остро брашно, а најчесто го правам со густин, густината секогаш ја дотерувам по мојот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани