Во касерола ставете го чоколадото исецкано на помали парчиња и слатката павлака.
Ставете ја касеролата на оган и мешајте додека чоколадото се растопи.
Додајте ги жолчките, шеќерот и ванилата.
Откако ќе се загрее до зовривање тргнете од оган и оставете да се олади.

Путерот пенесто изматете го, а потоа соединете го со оладената крема.

Додајте ги ситно сецканите кикирики и измешајте со шпатула.

Листовите обланда исечете ги на половина (во вертикала).

На подлога за торта ставете лист обланда, премачкајте со кремот.
Одозгора ставете друг лист обланда и пак премачкајте.
Повторете ја постапката додека се потроши филот.

На крај последниот лист обланда прелејте го со чоколадо растопено на пареа со 2 лажици масло.

Оставете да отстои на ладно (не во фрижидер), за да се подстегне филот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани