Шеќерот и водата се ставаат да зовријат додека се стопи потоа се додава чоколадото и маргаринот. Се меша убаво да се стопат и се трга на страна.
Се додава алвата,мелените бисквити и кикириките и се промешува.
Листот обланда претходно малку се навлажнува колку да може да се витка, се истура пола од филот и се витка како ролат. Исто и со втората обланда.
Се остава преку ноќ во фрижидер да се стегне убаво и потоа се сече на парчиња.
На здравје !!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови