Вкусот на овој фил е одличен и затоа сакав да остане бележан овде, во оваа богата ризница на рецепти.
Кумот на тортата сум јас. Роденденска нутела торта.
Има повеќе начини за изработка на оваа торта, затоа еве јас ќе го прикажам овој.
Филот на кој денеска сакам да му дадам важно место во рецептов е овој:
Во сад со 500 мл.млеко додаваме 3 лажици брашно и 1 пудинг од чоколада.
Го мешаме убаво да не остане грутчиња, па го вариме да се згусне во сад кој претходно сме го намачкале со путер.
На пареа матиме 2 жолчки и откако се добро изматени ги соединуваме со пудингот.
Путерот го матиме со 4 лажици шеќер во прав и кога е изладен пудингот ја помешуваме смесата, Ја матиме убаво со миксер да се изедначи. Ја додаваме и нутелата.
Добиваме преубав чоколаден крем.
Можете да го комбинирате со готови теста, можете да испечете пандишпан по ваш вкус и слично.
Јас ја имам спремано со пандишпан од рецептот Бувови очи, со готови кори и секоја варијанта е преубава.

ЕВЕ ЌЕПИШАМ ЕДЕН ТАКОВ РЕЦЕПТ ЗА ПАНДИШПАН КОЛКУ ДА НЕ ЛУТАТЕ АКО САКАТЕ ДА ЈА ПОДГОТВИТЕ ВЕДНАШ.
4 јајца, 8 лажици шеќер, 4 брашно, 1 лажица какао и 1 пециво.
Во зависност од тоа колку парчиња ви требаат, толку крем ќе приготвите.
На пример како за торта од 50 парчиња, ќе ви е потребен двојно фил.
Мене ми беше потребна за роденден на мали ангелчиња, па користев декорации од шеќерни табли и ситни шарени бонбончиња.
Оваа торта убаво изгледа и декорирана со разни видови на чоколада и листови од бадеми и лешници.
Мислам дека е убав предлог овој фил, но ќе очекувам да го пробате и да ми кажете ваше мислење.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови