1. Парчињата риба се зачинуваат со сол и бибер.
2. Состојките за панирање се мешаат со жица за матење. Треба да добиете смеса малку погуста од таа за палачинки. Секое парче риба се потопува во смесата за панирање и се пржи во врело масло.
3. Испржените парчиња риба се вадат на хартиена салфетка и се оставаат да постојат за да се впие маснотијата од пржењето.
4. Авокадото се лупи и убаво се пасира. Му се додава павлаката и останатите состојки и убаво се меша. Се става кремот во фрижидер да одстои додека се спремаат нудлите.
5. Тиквичките се сечат во форма на нудли/шпагети со специјално ноже или направа за сечење.
6. Кратко време се пропржуваат на маслиново масло, само колку да овенат и се зачинуваат со сол и бибер.
7. Се тргаат од оган и се соединуваат со кремот од авокадо.
8. Нудлите од тиквички се сервираат со панираната риба и со парчиња лимон.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани