Бонбони нуга или тороне
1. Белката треба да е на собна температура.
2. Во касерола на тивок оган се ставаат медот и шеќерот и се меша постојано со лажица или шпатула додека се растопи шеќерот, околу 20ина минути.
3. Смесата се тргнува од оган за кратко и за тоа време се мати белката со солта, треба да се добијат меки врвови (сето тоа треба да се направи за околу 2-3 минути).
4. Се зема од белката малку и со енергично движење се става во смесата од мед и шеќер и се мати додека се ,,загубат,, белките и така се повторува уште 2-3 пати.
5. Така подготвено се враќа повторно на тивок оган и се вари уште 20ина минути при постојано мешање (кога ќе се помини со лажицата или шпатулата трагата треба да остани 3-4 секунди, а кога ќе се капни од смесата во ладна вода да има конзистенција на мастика).
6. На готовата смеса се додаваат малку затоплените плодови и се промешува да се соедини.
7. Смесата се распределува во мала модла во која што има поставено фолија и над неа оризова хартија, врз смесата се става вториот лист хартија и се притиска малку.
- Дозата е мала, мене ми излезе некаде 2/3 од калап за кекс, но коцките на кои што се сечи десертот исто така се мали и излегуваат отприлика 18-20 парчиња.
- Бонбоните се меки и треба да се сечат со многу остар нож.
-Наместо оризова хартија може да се користат и листови обланда или да се користи обична хартија за печење која што ќе се отстрани (јас ги направив по последниот начин и не го препорачувам затоа што бонбоните се лепкави и е подобро да се во средина како во ,,сендвич,,. Наредниот пат кога ќе ги правам ќе користам задолжително или оризова хартија или обланди. Најверојатно ќе бидат листови обланда затоа што се многу подостапни).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови