Оваа торта ја правев по повод роденденот на мајка ми. Стар српски рецепт за убав, раскошен роденденски десерт кој малку го модифицирав кога станува збор за јатките – оревот го заменив со лешник и додадов млечно чоколадо со лешници во едниот дел од филот, па според моето искуство за торти сметам дека направив добро, што го потврдија и сите кои ја пробаа тортата (јас уште го чекам денот за да пробам барем едно залче).
1. За изработка на двете кори, белките се матат со шеќерот.
2. Се додава брашно и мелени лешници, се меша убаво, се истура во калап бр. 28 и се пече 15 - 20 минути на 180 степени во малку загреана рерна.
4. Кога корите ќе се испечат, се оставаат да се изладат добро.
5. За изработка на кремот, жолчките ги матиме со шеќерот, па им ги додаваме пудинзите, густинот и 300 мл. млеко.
6. Се мати за да добиеме смеса без грутчиња.
7. Оваа смеса се додава во останатото млеко кое претходно треба да се стави да зоврие.
8. Кремот се вари со постојано мешање додека да зоврие.
9. Се остава да се излади, па се спојува со маргаринот, се мати убаво да се изедначи кремот.
10. Филот кој го добивме го делиме на два дела – во еден дел додаваме стопено бело чоколадо, а во другиот дел стопеното чоколадо со лешници.
11. Матиме убаво во двата фила поединечно за да ни се изедначат.
12. Потоа ја редиме тортата – кора, темен крем, па бел крем и така додека да потрошиме се.
13. Уште на почетокот пред редење треба да одделиме малку од едниот крем за да ја премачкаме целата торта на крај, а ја украсуваме со мелени лешници.
14. За да добиете поголема сочност, двете кори попрскајте ги со млаку млеко пред да филувате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови