1. Прво се мелат бискивитите (за побрзо јас ги кршам со раце во затворена кеса) и се ренда чоколадата.
2. Се топи маргаринот со шеќерот и се додава во мелените бисквити.
3. Се додава ренданата чоколада, сокот од портокал, мелените ореви и изматеното јајце.
4. Целата смеса се меша убаво се додека не се соединат сите состојки.
5. Откако смесата ќе биде готова, се зема дел од смесата и се сука со раце да се формира конусна форма.
6. Постапката се повторува се додека имаме смеса.
7. Откако конусите се формирани се преминува на постапката за филување и украсување.
8. Во еден сад се истураат двете кеси шлаг и млекото и се мати се додека не се добие густа смеса.
9. Се полни шприцот со шлаг и се почнува со декорирање на елките.
10. Се украсуваат со срмки или топчиња.
Украсувањето е по ваша желба !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови