Прекрасни, снежни бомбици. Излегуваат 40 парчиња.
Во една касерола на тивок оган ги ставаме шеќерот и водата. На тивко нека вријат 2-3 минути.
Ја тргаме од оган и ги ставаме искршеното чоколадо и путерот.
Промешуваме да се растопат и соединат.
Сега ги додаваме лешниците, аромата и просеаното млеко во прав.
Оставаме на ладно смесата да се стегне.
Јас ја оставив на тараса и ѝ требаше околу 25 минути.
Потоа многу лесно се формираат бомбици.
Ги валкаме во мелен лешник.
Сервираме во хартиени корпиња и уживаме во овој прекрасен вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани