Среќна Нова 2017 година и се најубаво во неа!!!
Оваа торта беше мојот новогодишен десерт, посен и превкусен.

Подготовка на кората
Тава за печење бр. 26 намачкајте ја со масло и посипете ја со брашно.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
Во сад измешајте ги сите суви состојки па додајте ги маслото и млекото од соја. Убаво измешајте ја смесата со жица или голема лажица и турете ја во тавата. Ставете ја да се пече околу 35 минути.
Печената кора покриена оставете ја да олади.

Подготовка на филот
Пудинзите растворете ги со дел од млекото и пола од шеќерот а останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат. Откако ќе зоврие додајте го растворниот пудинг и на намалена температура со постојано мешање варете го додека се згусти.
Тргнете го од ринглата и одма додајте го медот и екстрактот и измешајте ги. Покриен оставете го да олади.
Чоколадата стопете ја над пареа.
Оладениот пудинг заедно изматете ги со маргаринот и потоа додајтеја стопената чоколада и повторно изматите да се изедначи филот.
Пред да е филовате тортата ставете го фрижидер малку да се стегне.

Печената кора поделете ја на пола. На подлога за торта ставете една кора попрскајте ја со малку млеко од соја па премачкајте ја со околу 1/3 од филот и ставете ја другата кора и попрскајте ја со млекото. Одозгора и од страна премачкајте ја целата торта со преостанатиот фил.

За декорација на тортата , во малку кокос ставите зелена и црвена боја и мешајте да се изедначи целиот кокос.
Чоколадата стопете ја над пареа.
Над тортата со чоколадата направете елка а потоа нанесете од зелениот кокос, а околу елката бел кокс.
Од црвениот кокос нанесите странично на тортата а одозгора на ивицата по тортата нанесите од чоколадата.
За лампионите од елката, на хартија за печење ставите мали топчиња од чоколада и нанесите по малку од црвениот кокс. Оставете ги во фрижидер да се стегнат па ставете ги на елката.
Тортата оставете ја фрижидер неколку сати или преку ноќ убаво да се стегне и спојат вкусовите и потоа послужете ја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани