Оваа прекрасна новогодишна погача - елка, ќе ја краси вашата трпеза и ќе изгледа преубаво на Новогодишната ноќ.

1. Спанаќот измијте го убаво, исецкајте го на тенки ленти, наросете со сол и притискајте го убаво за да пушти што е можно повеќе вода. Оставете го на цедалка за да се издеци водата од него.
2. Замесете тесто од наведените состојки и оставете го да кисне околу 1ч на топло.
3. Тестото кратко премесете го и раздвојте го на 2 дела.
4. Обликувајте триаголнеста кора. Премачкајте со 50-70 гр маргарин.
5. Врз кората наросете го убаво спанаќот, со тоа што секое ливче да ви биде одвоено, а не стуткано.
6. Врз спанаќот наросете го сирењето.
7. Расукајте уште една кора со триаглеста форма и ставете ја врз филот.
8. Нацртајте си шема на хартија и по таа шема исечете форма на елка, како што е прикажано на сликата.
9. Исечкајте ленти дебели колку 2 прста за да добиете гранки од елка. Секоја „гранка“ завртете ја 2 пати, при тоа што почнете да мотате во ист правец за сите гранки.
10. Премачјакте со жолчка и наросете со сусам и 1 прстофат сол.
11. Оставете ја погачата да кисне уште 20тина мин, на топло. Потоа се пече на 200 стеени околу 20 мин. (зависно од рерната).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови