Подготовка на профитеролите
Во тенџере ставете ја водата, путерот, солта и шеќерот и оставете ги да зовријат. Откако ќе зовријат додајте го брашното и мешајте додека смесата се изедначи, ќе се собере во топка и тестото ќе почне да се лепи на дното и по ѕидовите.
Тргнете го на страна и оставете го да олади на собна температура.

Кога оладило тестото ставајте ги јајцата едно по едно и матете ги со миксер за подобро да се спојат во тестото.
Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.
Во плех за печење ставите хартија за печење, а ако е нелеплив плехот и не мора.
Смесата ставете ја во готварски шприц и по мала количина ставајте на плехот.
Ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 22 -25 минути без отворање на рерната. За тоа време тие ќе нараснат и ќе добијат кафеавкаста боја.

Друг начин на печење е, рерната да се загрее на 220 - 230 степени, да се стават да се печат 12 до 13 минути а потоа да се намали на 160 степени и да се сушат уште 12-13 минути и без отворање на рерна.
Еден плех испеков и на овој начин, испаднаа преубави, бев задоволна.
Печени оставете ги да оладат.

Подготовка на филот.
Млекото ставете го да зоврие.
Со миксер изматете ги јајцата, брашното, густинот, шеќерот и ванилата и додајте ги зовриеното млеко. Со постојано мешање варете го кремот додека се згусти.
Тргнете го на страна и додајте го путерот и мешајте додека се стопи. Покриен оставете го да олади.

Готовите профитероли исечете ги на пола и наполнете ги со оладениот фил.

Формирање на елката
Чоколадата со 2-3 лажици масло стопете ја над пареа.
На чинија каде што ќе стои елката ставете малку од чоколадата за да се залепи долниот дел од профитеролите (еклерчината).
Земајте по едно еклерче и одозгора премачкајте го со чоколада и наредете ги во чинијата прво во круг а после и внатре во кругот. Ставете ги во фрижидер некоја минута да се стегнат за да не лизгаат при редење на горните делови.
На ист начин продолжите со редењето така што ќе се намалува бројот на еклери, ќе добиеме форма на конус и на врвот само еден еклер.
Над чоколадата посипете малку кокос обоен со зелена боја, а за врвот од од стопената чоколада ставите над хартија за печење форма која сакате и посипете ја со кокос обоен со црвена боја. Оставете ја во фрижидер да се стегне и после со малку чоколада залепетеја на врвот.
Со малку изматена павлака на неколку места направете лампиони на елката.

Готовата елка ставете ја во фрижидер убаво да се стегне.

Забелешка
Големината на елката можете сами да ја одредите дали ќе биде поголема или помала. Мојата беше мала, најдолниот дел со 7 еклерчина одбрани поголемите и пошироки. Останатите така ги јадевме.
Неколку употребив за тортата од претходниот рецепт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани