Јас користев свинско месо, кременадли.
Замолете го месарот малку да го разлабави месото од коската, за да може да се завитка во круг.
Пожелно е со готварски конец да се стегни.
Во еден сад ги соединуваме сите состојки за маринада и го премачкуваме месото со четка.
Сега на малку загреано масло ги пропржуваме ситно сецканиот праз, па ги додаваме колбасите, сланинката, листовите шампињони, коцките компир. Зачинуваме по вкус.
Од оваа смеса ставаме во средината на круната онолку колку што збира, а останатото зајре го распоредуваме по пекачот.
Налеваме 150 мл вода или бело вино и го ставаме во рерна да се печи околу 2 часа, со повремено полевање од течноста.
Сервираме.
Среќна Нова година

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани