Вкусен десерт, топло ви го препорачувам...

Најнапред го подготвуваме филот.
Се зоврива млекто со шеќерите, се трга настрана и се додаваат чоколадото и оревите.
Кога ќе излади се соединува со изматениот маргарин.

На соодветна подлога се редат бисквитите, така што прво ги потопуваме зовриеното млеко со шеќерот и додаденото инстант кафе.(Млекото да е подизладено, топло.)
Се реди ред бисквити па дел од филот.
Вкупно 5 реда бисквити, филот се дели на 4 дела, со тоа што се остава малку за најгоре.

На крај колачот се полева со глазурата.
За неа, се растопува чоколадото со маслото и млекото на тивок оган или пареа.
Се остава малку да здивни глазурата и се полева.

Се остава убаво да се излади и стегне колачот, па се сечи.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани