Истиот овој ден 07.12 , но три години порано, со Вас го споделив мојот прв рецепт на оваа страна..... Убави моменти поминати во мојата кујна во обид да приготвам нешто ново, нешто вкусно. Денес покрај славењето на три годишната дружба со вас, славам и празник Св. Катерина.
Овој пат ќе ве почестам со малку понеобична, не класична торта.
Станува збор за Нес кафе кремаста мала тортичка,
И не сакам да се повторувам, но пак ќе речам ви благодарам МР што не споивте на едно место сите вљубеници во домашно зготвена храна, ви благодарам драги мои пријателки стекнати на оваа страна, ви благодарам на сите што сте се навртиле и сте ги пробале моите рецепти.
Ви благодарам МР за сите досегашни добиени награди од ваша страна.

На почеток ќе напоменам дека тортата е малечка и без двоумење одма правете дупла доза, бидејќи е феноменална. Се користат големи јајца,ХЛ.
Јас за да добијам во време ги печев сите три кори на еден плех, со димензии од 20 цм.
До колку се работи дупла доза, со обем на тава бр 24, секоја кора треба да се суши посебно по 45-60 минути.
Прво ги делиме белките од жолчките.
Потоа го земаме плехот од рерната и на него тенко исцртуваме кругови со димензии од 20 цм.
На еден плех таман собира три круга. Може хартијата да се преврти за да не се шприца по одбележаната патека.
Белките почнуваме да ги матиме за да добијаме цврст шам и постепено го додаваме шеќерот.
Кога сме добиле сјајен шам го додаваме оцетот и соединуваме.
Сега шамот го ставаме во готварски шприц.
Со шприцот нанесуваме шам, по линијата на кругот и ја полниме и внатрешноста.
Предлагам да се подели шамот на 3 дела за одприлика секој круг да е ист.
Исто така пожелно е со малку леплива лента да се фиксира хартијата за печење на плехот за да не ни измрда.
Но искуството ми покажа дека првиот круг кога го редев, ги редев подоближани, што може да се види и од дополнителната слика.Превртени се сликани, за да се види како треба да изгледаат.
Може слободно да се редат по малку раздалечени и одлично се одстрануваат од хартијата за печење, полесно оди една по една.
Од кога сме ги формирале трите круга, внимателно го ставаме плехот во рерна загреана на 130-140 степени,
Ги сушиме од 45-60 минути, се во зависност од вашата рерна.
За понестрпливите може смесата да не се реди во форма на целуфки, туку само да се премачкаат круговите рамномерно со поделената смеса и така да се сушат.
Одозгора ќе се подисушат, а внатрешноста ќе им остане мека, сочна.
Додека се сушат безе корите го спремаме кремот.
Во еден сад ги ставаме жолчките и медот и матиме се додека не добиеме густ крем.
Сега ја додаваме и слатката павлака и матиме на многу тивок оган се до згуснување, односно смесата не смее да проврие.
Во 20 мл вода го раствораме инстант кафето и го додаваме на оваа смеса.
Промешуваме да се изедначи. Од кога е изладен кремот го делиме на два еднакви дела.
Сега во еден сад над пареа ја ставаме белата чоколадо со една лажица масло да се топи.
Кога е готова ја додаваме во првиот дел од кремот и промешуваме,тој со тоа ќе добие и на густина.
Сега ја матиме слатката павлака и ја додаваме во првиот крем. Лесно го соединуваме кремот.
Во оргиналниот рецепт стоеше 25 мл слатка павлака, јас ставив 50, но сметам дека комотно може да се стави и 80 мл павлака. Ова од причина што белото чоколадо е малку поспецифично кога е во прашање крем.
Испечените, односно исушени безе листови внимателно ги одстрануваме од хартијата.
На тајнир ги редиме првите целуфки.
Белиот крем го ставаме во истиот шприц и цел го нанесуваме врз целуфките.
Поклопуваме со вториот круг на целуфки.
Сега го подготвуваме црниот крем.
Црното чоколадо го топиме над пареа со 1 лажица масло.
Од кога се подизладило го додаваме во втората половина на основен крем. Промешуваме.
Сега ја матиме слатката павлака и внимателно ја соединуваме со претходно припремениот кафен крем.
Со истиот шприц ја филуваме втората безе кора и ја поставуваме третата кора.
Со остатокот од кафен фил ја завршуваме тортата.
Матиме уште 50 мл слатка павлака и ја завршуваме тортата.
Многу пишување, но сакав детално да ја објаснам постапката за подготовка на оваа кремаста торта.
Сигурна сум дека уште многу пати во мојата кујна ќе биде подготвена вкусотијава, но во дупла доза секакао.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани