1. Млекото се става во поголемо тенџере и се додава шеќерот во кој е измешано какаото, путерот/маргаринот и чоколадото.
2. Сето заедно се загрева и се меша на тивко додека се стопат и соединат состојките, а штом ќе почне да врие, тенџерето се трга на страна и се додаваат оризовите снегулки и се меша.
3. Потоа се ставаат оревите и кршените бисквити, се меша сето со лажица, се става во калап за ролат (овде е со димензии 42 х 8,5 см со полукружна форма), кој е обложен со најлон или фолија, убаво се израмнува и се остава да се излади на собна температура.
4. Белото чоколадо и маслото се топат на пареа и става врз оладениот ролат со лажичка или со силикнско четче, се наросува кокосот или чоколадни трошки и се остава да стои во фрижидер да се здрви глазурата, а потоа се сечат парчиња.

- Овој калап е со поголеми димензии, а и количински ролатот доста го има. Затоа може да се направи половина доза или пак да се распореди во 2 калапи со форма по желба.
- За да е посен, ролатот може да се направи со вода или растително млеко, маргарин, посно чоколадо и бисквити.
- Ако ставате некоја друга состојка на пример брусница, суво грозје, желе и др. по ваш вкус, намалете ја количината на бисквитите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани