Овој рецепт го најдов во Сладок готвач во издание на Просветена жена. Во тенџере сварете 400 грама шеќер со 100 мл вода.и потргнете го настрана.Во сирупот ставете половина пакетче маргарин и мешајте додека маргаринот не се стопи.Во оваа смеса додајте ги мелените бисквити,кокосот и румот. Сето тоа измешајте го во чинија што сте ја премачкале со маргарин.Јас смесата ја поделив на 3 дела.Еден дел од смесата оформив како ролат ,и одозгора декорирав со желе и бонбончиња.Врз нив пак додадов од смесата,и ја повторив постапката со украсувањето..Потоа го додадов третиот дел од смесата,и оформив ролат.Се припрема глазурата со топење на чоколадото и маргаринот,и го преливаме ролатот.Десертот испадна многу вкусен ,ни се допадна и пак ке се прави.Добар апетит.

Лиценца: Сите права се задржани