Одлично летно освежување со преубав мус од јагоди. Без печење, брзо за подготовка и многу, многу вкусно!
1. Јагодите се варат со шеќерот, додека тој да се истопи, нека се излади малку, а потоа се блендира целата смеса. Ако имате рачен блендер можете да го изматите сосот додека е на оган, во спротивно почекајте малку да се излади, а потоа ставете го во сецко или во блендер па изматете.
2. 5 гр. од желатинот се раствора со трите лажички вода на оган со постојано мешање, па се додава во сосот од јагоди (претходно изматен), кој потоа се остава сосема да се излади на собна температура.
3. Мелените бисквити добро се мешаат со стопениот путер, па се натапкуваат во калап (26 или 24). Калапот се става во фрижидер.
4. Чоколадото се меша со 150 мл. од слатката павлака и се соединуваат над пареа.
5. Белиот ганаш се остава да се излади, потоа се мати со миксер.
6. По 200 мл. слатка павлака се мати во два различни сада на страна.
7. Во едниот се додава сосот од јагоди, се мати со миксер, а во другиот белиот ганаш и се мати со миксер.
8. Се филува тортата – врз бисквитите се истура белиот крем, а врз него мусот од јагоди.
9. Се остава убаво да се излади, најдобро преку ноќ, па се послужува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови