Импресионирани сме од вкусот од оваа бајадера со необичен состав. Би сакала да ја пробате, па затоа овој интересен рецепт го споделувам овде со вас...

Подготовка
1. Водата со солта ја ставаме на оган да почне да врие, па го додаваме млекото. Тенџерето го тргаме на страна и го додаваме инстант компир пирето. Мешаме до соединување. Го додаваме шеќерот во прав, повторно мешаме. Ги додаваме мелените ореви и ја оставаме смесата да се олади.
2. Путерот го матиме пенасто и го мешаме во изладената смеса. Овде го додаваме и румот.
3. Смесата ја делиме на две половини, во едната ставаме стопено чоколадо, а во другата мелени бисквити.
4. Јаткастите плодови или само ореви ги сечкаме и кратко ги потпекуваме. Изладени ги редиме во тавче во кое ќе ја редиме бајадерата.
5. Ставаме прво од чоколадната смеса, измазнуваме, малку ја ставаме во фрижидер да се стегне па потоа ја редиме бисквитната смеса.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани