Припрема
Праските се мијат и сецкаат.
- Се става водата и шеќерот на оган, нека заедно врие околу 10 мин. Потоа во него се ставаат исечканите праски и нека се сега заедно вари околу 5 до 10 мин. зависно од зрелоста на самите праски. Треба да омекнат.
- Тргнете од огнот и нека малку се подолади. Испасирајте ги до добивање на глатка смеса, да нема големи парчиња како од самата праска така и од лушпата. Соберете во шишиња, ставете во фрижидер и служете го добро оладен, а доколку сакате да го имате преку целата зима тогаш затворете ги шишињата, ставете ги во вода и пастеризирајте. Нека вријат во водата околу 15 мин. Овој сок стои до следната сезона.
НАПОМЕНА
- Доколку некој сака, може да испасираните праски ги прецеди преку газа или сито. Јас тоа не го правам бидејки сосема фино се пасира смесата и нема потреба од овој чекор во постапка да е.
- Зависно од тоа колку се благи праските - количината на шекерот намалете ја бидејки ке е многу благ (барем по мој вкус)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани