Многу вкусен, декоративен тарт.
Топло ви го препорачувам да го направите се додека има кајсии.

Прво во една вангличка ги ставаме сите состоојки за тесто.
Пожелно е путерот да биде ладен.
Во зависност од големината на јајцето, ако треба за замесување, за да се добие мазно тесто додадете една лажица ладна вода.
Замесеното тесто го завиткуваме во фолија и го оставаме во фрижидер.
сега го подготвуваме кремот со кајсии.
На измиените кајсии им ги одстрануваме семките и ги ставаме во една касерола. Налеваме околу 300 мл вода и го додаваме шеќерот.
Вариме на тивок оган околу 5 минути или додека кајсиите не омекнат.
Во остатаокот од вода го раствораме густинот.
За кратко ја тргаме касеролата од оган и кајсиите ги поминуваме со стапчест миксер
Внимателно во танок млаз го додаваме растворениот густин, мармаладот, враќаме на оган и вариме на тивко.
Кремот е готов кога ќе добие малку на густина.Оставаме скоро целосно да се излади.
Сега го земаме тестото и ја обложуваме тавата каде ќе го печиме.
Јас печев во големата пица тава на делимано.
Врз тестото го нанесуваме скоро изладениот крем.
Ставаме во загреана рерна на 190 с и печиме околу 30-35 минути.
Готово е кога ќе забележиме дека краевите добиваат убава боја.
Оставаме потполно да се излади, значи еден до два часа.
Сега во еден сад го ставаме маскарпонето, шеќерот во прав, слатката павлака.
Внимателно кратко матиме.
Со овој крем го покриваме цел колач и правиме декорација со остатокот на крем.
Сечиме, послуживаме, уживаме......

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани