Тесто
Одделно растворете го активниот јаглен во млака вода или сок од јаболка.
- Во садот ставете го брашното, солта, шеќерот, квасецот, додадете водата и веќе растворениот активен јаглен. Измесете тесто кое ќе ви се чини дека ќе е тврдо,  но нема да е така. Зависно од брашното - ако ви се пристори да е навистина тврдо - додадете уште 1-2 лажици вода. Оставете го да стаса.
- Стасано тестото извадете на лесно побрашнета работна површина, поделете го на 4-четири дела, оформете ги во топчиња, премачкајте со стопениот путер, посипете со сусам. Наредете ги во тавата во која ќе се печат, покријте и оставете да стасаат. Печете ги на 190 степени околу 20 мин.
Полнење
- Исечете на ситно кромидот, посолете го, зелената салата, на тенки кругови доматот и краставицата. Можете и да ги сосема лесно закиселете.
- Направете плескавици во големина колку што е лепчето, ствете на грил тавата да се печат, но не и да се препечат. Откако ќе ја свртите на другата страна да се пече, врз печената страна ставете парче кашкавал (јас ставив чедар) кој додека се испече од долната страна плескавицата, кашкавалот ќе се стопи.
- Лепчето пресечете го на половина и исто така тостирајте го на грил тавата или пак скарата за да се исечената страна потпече кое нешто ќе спречи кечапот да навлезе во средината и нема да се навлажни.
- На едниот дел од лепчете (долниот дел) ставете кечап, врз него од посолениот кромид, врз кромидот краставицата, потоа месото , неколку тенки кругови од домат, па зелената салата. Поклопете со втората половина (горната стана) од лепчето која сте ја премачкале со сенф.
И нека ви е слатко....
Совет
Краставицата убаво е да ја закиселете така што ќе ја насецкате на кругови. Во сад ствете да проврие 50 мл. вода, 150 оцет, 1 лажица сол, 2 лажици шеќер . Кога ќе проврие тргнете од огнот да смири вриењето и така топла прелијте ја врз краставицата. Соберете во сад и можете да ја чувате во фрижидер неколку дена.
- Комприот, помфритот како додаток многу е убав да прво го потпечете зачинувајки го со мелен ким, црвен пипер, сол, бибер неколку чешниња лук, залијте со малку вода и масло. Нека се пече во рерна додека ја впие целата течност, а потоа допржете во фритеза - одличен е.
- Кромидот го ставам сецкан бидејки при секое загризување тој е еднакво распореден, а марулата исто така бидејки кога е цел лист од топлината таа стои како попарена и тешка за одгризнување...
Добар тек...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани