Овој мармалад царува .... најдобриот мармалад од сите мармалади, но не заради тоа што треба да се оддели посебно ден за неговата припрема, не заради малку покомлексната работа, туку заради неговиот вкус и фактот дека на полиците ќе имате најздрав мармалад.
Постапка
- Дренките оставете ги неколку дена да одстојат за да омекнат.
- Земајте по малку од дренките и низ преса пасирајте ги. Испасираната смеса премерете ја и според неа ќе го ставите и шекерот. На 1 кгр. чиста смеса се става 1 кгр. шеќер во прав. Садот во кој ќе матите треба да е пластичен, а ќе мешате со дрвена лажица. Од почетокот тој е поредок, а со самото мешање се згуснува за да на крај кога е готов сам ќе ви каже - почнуваат да се појавуваат меурчиња, тој е густ и веке потежок за мешање, почнува да остава трага.
За да го имате ваквиот убав и пред се здрав мармалад потребно да го мешате 2,5 до 3 часа. Соберете го во стерилизирани теглички ... уживајте. Конечниот резултат верувам дека ќе ве направи срекни што успеавте.
Напомена
Мармаладот за да го имате ќе мора да бидете решителни бидејки ако мислите како ќе се испасира, дали ке успеам - ќе ве обесхрабри. Ставајте во пресата по малку од дренките и ќе виде лесно. Јас ја користам пресата која со неа има и ваљак, не дека не е корисен овде во припремата, но полесно некако ми идеше со рака да ги гмечам (нормално дека треба да имате ракавица на раката). Самото матење и не е тешко... ќе си викнете комшивка на кафе - нешто таа ќе помеша, нешто вие... и готово. Можеби ќе се прашате дали пак нема да е полесно да се мати со миксер или пасатор... веднаш ви велам НЕ, да не помислувате. Нема да добиете мармалад, ќе се запенува и понатаму нема да знаете дали да одпенувате или да продолжите - значи процесот на пасирањето кој е малку потежок не е за потценување за да експериментирате, како што напишав погоре - така треба да се работи.
Пријатели мои, нема да зажалите за трудот- ве уверувам. Знаете нели дека најчест благослов сме го слушале Да си жив и здрав како дрен... е тоа е тоа што цело време го пишувам. Имате навистина здрав мармалад, а за самиот дрен верувам дека знаете повеке за него и неговата добробит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани