По желба на мојата ќерка Сара, денес спремавме начос.
Имаше повеќе рецепти за начос, но таа го одбра следниот...

Кромидот го сецкаме на мали делчиња и го запржуваме на маслиново масло.
Потоа го додаваме меленото месо.
Го пржиме додека не ја смени бојата.
Го додаваме црвениот грав и благо промешуваме.
Зачинуваме со чили во прав.
Во тавата истураме доматен сос па промешуваме убаво да се соедини.
Додаваме 1/4 чаша вода.
Пред да го тргнеме од оган додаваме 1/2 чаша коријандер.

(Јас не ставив свеж затоа ставив 1 лажица сув коријандер.)

Во тавче настрана редиме 300 гр тортила чипс.
Го разредуваме на секаде по тавчето, па го полеваме со претходно спреманиот фил.
Врз филот рендаме кашкавал, па тавата ја ставаме да се пече 15 минути на 200 степени.
Кога е готово наросуваме власец и служиме топло.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови