1. Путерот, шеќерите и млекото ги ставаме во сад на оган да се соединат. Потоа го додаваме какаото, промешуваме и ја исклучуваме ринглата.
2. Кога таа смеса е готова, ѝ ги додаваме останатите состојки. Убаво промешуваме, оставаме 30 до 60 минути во фрижидер убаво да се стегне смесата, а потоа вадиме бомбички со сакана големина (излегуваат 30 до 40 во зависност од големината). Ги валкаме во мешавина од кокос и мелени ореви, но може и само во едното од нив, или нешто по ваша желба.
Многу брз и вкусен десерт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови