Кога знаеш кој вкус сакаш да го добиеш, лесно е да си направиш супер намаз.
Пилиштарциве се потепаа да го сркаат од канче со лажица, а богами и ние не останавме покусо. Следен пат, поголема доза обавезно. Таман, кесенце афион и пакување урми.

Урмите и афионот оставете ги да одстојат во вода. Што подолго тоа подобро. Јас ги оставив цела ноќ.
Ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете еднолична смеса.
Користете го намазот за палачинки, вафли (како во нашиот случај), лепче, како фил за колачиња (ванилици) или за слатки јуфки или макарони.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани