Основата за овој вкусен намаз ја земав од намазот со фета и печена леблебија.

1. Прво во блендер ја иситнив убаво леблебијата.
2. Потоа додадов фета и убаво ги споив.
3. Додадов и доматен сос, блендирав кратко и смесата цела се хомогенизира.
4. Додадов и зачини по вкус, убаво повторно изблендирав за да се спои и добив вкусен намаз.

Одлично одговара во било која комбинација со вкусен хроно леб.
Препорака е да не се користи многу често леблебијата, бидејќи содржи доста скроб. Затоа направете помали количини од намазот, за да се нагостите и уживате 1-2 дена. Потоа подолго време направете пауза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови