Сите состојки ставете ги во сад и прелејте ги со водата за да одстојат. Полесно ќе се блендираат ако се покиснати во вода.
Доколку имате појак бландер, оваа постапка можете да ја прескокнете.

Блендирајте додека не добиете мазна смеса.
Мене лично повкусно ми беше кога сусамот не беше убаво изблендиран. Можете доколку сакате 100 грама да ги блендирате од почеток, останантите 50 да ги додадете подоцна за да останат парченца.
Доколку не ви пречи намазот да не е комплетно суров, можете сусамот да го потпечете на суво тавче, повкусно ќе биде.

Лиценца: Сите права се задржани