Јас го спремив ова од љубопитност. Добив топено сирење со вкус приближно на зденката или топено сирење.

- Ставете на оган сад да се грее вода. Ова се прави на пареа.
- Ставете ја урдата заедно со содата. Блендирајте додека се добие мазна смеса. Ставете над зовриената вода (но никако садот да не допира до водата) и нека се крчка, но вие постојано ќе треба да мешате. Ќе треба да добиете густа кашеста смеса.
- Со жица или вилушка изматете го јајцето, путерот исечете го на коцки.
- Откако сте добиле густа мазна смеса, тргнете го садот од пареата настрана, додадете во урдата сматеното јајце - мешајте. Додадете го путерот, солта и шеќерот, размешајте и повторно вратете над пареата. Продолжете да мешате постојано се додека не се целото тоа добро спои - (стопи)и да добиете густа смеса.
Тргнете од огнот, повторно блендирајте да се разбијат сите грутчиња. Додадете зачинка која сте ја избрале - измешајте повторно.
Соберете во тегла - нека олади, ставете во фрижидер.
 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани