Овој лесен и вкусен намаз од тиквички во Русија се вика *Кабачковаја икра* , која што многу сакана во нашата кујна. :)

1. Тиквичките се лупат и се сецкаат на мали коцки, потоа се пржат со масло на умерен оган додека не се заруменат малку.
2. Изренданите моркови посебно се пржат заедно со исецканиот кромид, потоа се додаваат веќе испржените тиквички и изренданата домата ( без лушпа). Сето тоа се зачинува и се динста под капак околу 10-15 минути.
3. Подизладената смеса се блендира и се лади во фрижидер.

Доколку тиквичките ги пуштаат многу сок подобро смесата да се исцеди пред да се блендира.
Наместо домати може да се става доматно пире околу 3-4 лажици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани