Лесн, брзо, вкусно и во последен момент може да одлучите дали ќе сакте да е благо или солено.

Цвеклото исецкајте го на парчиња и ставете го во блендерот. Додадете ги сецканите јаболка и бландирајте да се изедначи смесата.
Таанот додавајте го по ваш вкус. Јас почнав со 5-6 лажици, завршив со половина тегла. Го сакам вкусот што таанот им го дава на јадењата.
Доколку сакате и лук, додадете го додека се блендираат другите состојки.
Послужете со крекери, двопек, лепче или како прилог кон некое јадење :)

Мојата идеја кога почнав да го правам намазот беше да биде солена. Затоа и ставив толку многу лукче. Но бидејки додадов многу таан, лукот не се чувствуваше воопшто. Што е супер за утрапување на пилиштарци. Се утепаа од сркање од канче, ГОЛО сакале да го јадат :D
Лукот толку не се чувствуваше, што со малку мед, добивме и уште поздрава варијанта.
Слободно експериментирајте со количините и направете го по ваш вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани