- Во тава пропечете го сусамот постојано бркајки го да не ви изгори.
- Печен ставете во блендер и блендирајте малку време, отворете, додадете го маслото и посолете на вкус, продолжете да блендирате. Во меѓувреме отварајте и по ѕидовите залепениот сусам вратете го како би се изблендирал и тој.
- Кога ќе се претвори во паста, соберете во тегла и чувајте во фрижидер.

Напомена
- Овој намаз кога ќе сакате да го додавате во Хумус или Баба Гануш, секогаш можете да го разредите додавајки му малку масло.
Рецептот е од драгата ми пријателка Гага....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани