- Постапката на подготовката на лукот е иста како кај Карамелизираниот лук, само малку поразлични во количините состојките. Значи со овие состојки ќе го спремате лукот како во претходната постапка.

- Лукот расчленето го на чешниња и само исчистете од горните лушпи, не сосема да го излупите. Ставете да зоврие вода, попарете го и нека стои 2-3 минути, истурете и залијте ги со ладна вода, повторно нека одстојат 2-3 минути. Сега веќе може да го излупите. - Во сад на малку загреано маслиново масло ставете да се пржи лукот околу 3-5 мин. односно додека лукот не ја смени малку бојата. Додадете ги останатите состојки и варете на сосема тивок оган околу 10 мин. Тргнете од огнот и веќе е спремен.

- Кога веќе е направен лукот, исцедете го од маслото.
- Со процесор измиксајте го лукот притоа додавајки по малку од маслото, исто како кога се прави мајонезот.
- Кога се е веќе добро изработено додадете го сенфот и павлаката и измешајте. Посолете и ставете бибер по свој сопствен вкус.
Служете го риба, печено месо... а на мене одличен и како намаз само на лепчето.

Напомена
- Денес целото ова го правев со Рузмарин ароматизирано маслиново масло. Често пати знам да додадам некоја зачинка во маслиновот масло, но најчесто рузмарин.
Намазот е одличен.
Количински не е многу, нема да знам колку може да стои во фрижидер бидејки едноставно не стои - кај нас овој намаз го снемува за време на ручекот. Лесно е за правење и затоа никогаш не одлучив да направам повеке за да чувам запакуван во тегла и да си ја задоволам радозналоста колку ли ке може да биде неговата издржливост.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани