Сите ја знаеме придобивката од леќата.
Еве уште еден од низата на рецепти со леќа.
Леќата се мие и се става да вари.
Во истиот сад се става целерот, пашканатот, морковот, кромидот и лукот.
Се варат, па откако ќе омекнат се цедат од водата.
Водата можете да ја искористите за убава супа, а зеленчукот се пасира заедно со леќата.
Се зачинува и се додава маслото.
Вака подготвената паштета или намаз, соберете ја во тегличка.
Намазот може да се чува 2-3 дена во фрижидер.
На здравје

Забелешка

Пробана варијанта ми е и да додадам печурки. На масло ќе ги запржам убаво, а потоа ќе ги додадам во блендерот со леќата, ќе изблендирам се и намазот е готов.Но тогаш намазот гледам да го потрошам во еден ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови